Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бонева во оставката наведе зошто се повлекува од ДИК

Бонева во оставката наведе зошто се повлекува од ДИК

Членот на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева ја поднесе својата оставка до Собранието.

Во оставката наведува дека постапувала законски и одговорно ја извршувала функцијата. Бонева вели дека по објавата на информацијата за бонусите, станала жртва на јавен линч.

„Бруталните навреди, клевети, закани по живот преку социјалните мрежи и некролози за мене на електричните столбови низ Струмица, е целосна повреда на моите основни човекови права, честа и угледот, а се во име на демократијата, правната држава и гласот на народот. Од овие причини, а заради зачувување на мојот личен интегритет како човек, ја поднесувам оваа оставка и ви благодарам за досегашната искажана доверба“- пишува Бонева.

Случајот со бонусите во ДИК го обелодени американскиот амбасадор Џес Бејли.

Освен  Бонева, и Сашо Срцев,  Субхи Јакупи, Реџеп Прекупуца и Атанас Урумов денеска поднесоа оставки, и тие се повлекуваат од функциите членови на Државната изборна комисија.

Вчера  оставки на поднесоа Игор Милев, Виолета Дума и Александар Чичаковски. 

Слично

Поврзани вести