Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бончо на Дончо од „Преспав“ доби отказ од матичниот театар

Бончо на Дончо од „Преспав“ доби отказ од матичниот театар

Владимир Тулиев, актерот познат уште и како Бончо на Дончо од „Преспав“, објави дека добил отказ од својот матичен театар.

Вели дека по 42 години од првата професионална театарска претстава утринава му стигнало и отказното решение од штипскиот театар.

-Е да, драги мои колеги, пријатели и моја најдрага публико, после 42 години од првата професионална театарска претстава, сабајлево ми стигна и отказно решение! Како и да е, не дозволувајте да ви плукааат на трудот, талентот и актерската креација! Не дозволувам ниту јас! Ви Благодарам за поддршката!, објави Тулиев на Фејсбук.

Засега нема подетални информации зошто Тулиев останува без вработување, а последните години тој е еден од омилените ликови во јавноста во ТВ-серијата „Преспав“.

Слично

Поврзани вести