БОМБИТЕ СЕ ВРАТИЈА: Дојави во осум средни школи
Стигнаа првите
закани за поставени бомби во училиштата по стартот на второто полугодие.
Закана за поставена екплозивна направа денеска е упатена до осум средни училишта во Скопје. Предупредувањето повтрно е испратено на мејловите на училиштата, а веднаш по заканите одМинистерството за внатрешни работи информираат дека во тек се мерки за безбедно евакуирање на училиштата и се извршуваат антитерористички проверки.
-Денеска околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР.
