„Бомбите“ како доказ и притворот на Сеад Кочан -жешки точки на седниците закажани во Врховен
Дали прислушуваните материјали можат да бидат користени како доказ е прашање кое денес ќе разгледува на продолжението на општата седница.
Макфакс соопштува дека Врховниот суд и Јово Вангеловски го закажал продолжението на седницата на која ќе се разгледува и барањето за заштита на законитоста поднесено од државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, околу притворот на бизнисменот Сеад Кочан.
Судиите Лидија Неделкова и Исамедин Лимани најверојатно нема да учествуваат во расправата, заради тоа што поранешната судијка е веќе изземена од Кривичниот совет кој треба да одлучува по предмет на СЈО, а нејзиниот колега се повлекол самиот, затоа што има ќерка вработена во обвинителството на Јанева
Токму за овие две точки се водеа жестоки дебати по седицата која започна пред Велигденските празници.
Судиите со спротиставени мислења. Дел сметаат дека право да поднесува барање за заштита на законитоста има само специјалната обвинителка Катица Јанева заради автономниот статус одреден во Законот за СЈО, додека останатите се повикуваат на Законот за кривична постапка, во кој единствено право да го поднесува овој вонреден правен лек има само државниот јавен обвинител.
