Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Бомби“ во судница: Јанакиески барал списоци од директори на затворот и на училишта од Дебар Маало и Буњаковец

„Бомби“ во судница: Јанакиески барал списоци од директори на затворот и на училишта од Дебар Маало и Буњаковец

Во кривичниот суд во моментов по предмет од СЈо се слушаат „бомби“ во кои Миле Јанакиески, тогашниот министер за транспорт и врски, нарачува списоци за гласање за изборите во 2011 и 2013-та.

Освен добропознатата комуникација помеѓу Јанакиески и директорката од Дом за штитеници, тој се јавува и кај раководители на затворот и кај директори на две скопски основни училишта од Буњаковец и Дебар Маало.

Во разговор на непознат соговорник Миле му вика:

„ Викни ги директорките на „Песталоци“ и на „Коле Неделковски“. Прво да дадат по 20 души гласачи, второ, да одат од врата до врата”.

Јанакиески во разговор со друг соговорник бара и список од затвореници.

Во бомбите што се пуштаат во Основниот суд Скопје 1, се слуша како течат подготовки за локалните избори во 2013 година.


Слично

Поврзани вести