Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Бомби“ и денес ќе „одекнуваат“ во Кривичен суд

„Бомби“ и денес ќе „одекнуваат“ во Кривичен суд

Ново судско рочиште за случајот  „Титаник" денеска ќе се одржува во Кривичниот суд.

Според најавите треба да се слушнат  „бомбите“ од доказниот материјал на Специјалното јавно.

Во предметот се осомничени екс премиерот Никола Груевски, но и негови блиски соработници Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска и тие се гонат за злосторничко здружување за време на изборите како и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања,  повреда на избирачкото право,  поткуп при избори и гласање.

Слично

Поврзани вести