Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БОМБАШИТЕ“ НЕ МИРУВААТ - денеска имало дојава за бомби во училишта, МРТВ, ГТЦ, Џевахир, шопинг центри...

„БОМБАШИТЕ“ НЕ МИРУВААТ - денеска имало дојава за бомби во училишта, МРТВ, ГТЦ, Џевахир, шопинг центри...

После дојавата за бомба вчера во повеќе основни и средни училишта, денеска имало дојава за бомба и во Градскиот трговски центар.

Оваа информација за Фактор ја пренесуваат доверливи извори, а ја потврди и МВР.

Градскиот трговски центар е најстариот шопинг центар во земјава, кој е од отворен тип.

Неофицијално дознаваме дека дојава за биомба имало и во Националниот сервис МТВ, а колегите морале да излезат надвор додека да се направат проверките, но и во Џевахир. 

„Денеска (08.02.2023) околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, се вели во соопштението од МВР.

Слично

Поврзани вести