Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОМБА ВО ТОАЛЕТИТЕ - ПАНИКА НА АЕРОДРОМОТ ВО ПАРИЗ: полицијата итно ги евакуираше терминалите (ВИДЕО)

БОМБА ВО ТОАЛЕТИТЕ - ПАНИКА НА АЕРОДРОМОТ ВО ПАРИЗ: полицијата итно ги евакуираше терминалите (ВИДЕО)

Дел од аеродромот Орли во Париз вечерва е евакуиран по дојава за бомба, дознаваат локалните медиуми.

Според извештаите, терминалите 2 и 3 биле евакуирани, додека полицијата добила анонимен телефонски повик во 18 часот.

„Има бомба во тоалетот!

- Се јави непознато лице и кажа дека во тоалетот на аеродромот е поставена бомба - изјави извор од полицијата, додавајќи дека се врши евакуација на подрачјето на аеродромот.


Во средата вечерта, авионот на Трансавиа, кој полета од Париз и се упати кон Монпеље, беше приземјен неколку часа по лажна дојава за бомба. Летот на крајот беше откажан.

(Le Parisien)

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести