Бомба во Собранието пушти Милошоски - аудио запис за финансирањето на телевизијата на Боки 13
Пред пратениците во Комисијата за европски прашања, пратеникот Антонио Милошоски пушти аудио запис, во кој, според него, се слуша глас на лице со иницијали З.З. (алудирајќи на поранешниот премиерот Зоран Заев), кој разговара со друго лице за обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.
„Овој транскрипт фрла мала светлина, за тоа кој навистина сака скриена амнестија и зошто, зошто никој не сака нелегално снимени разговори да бидат докази во судските постапки“, рече Милошоски пред пратениците.
Милошоски рече дека снимката ја добил од свиркач, кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите.
„Mу требаат пари во телевизијата и само прави комбинации“
„Го прашав, oд каде парите за телевизијата, ми рече од Хрватска, но главно од Циле, (Силјан Мицевски) за старечките домови“,
Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата, ми вика имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови“. „Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата главно за маркетинг тоа беше уште порадно лани октомври ноември 2018 година“, рече Милошоски, читајќи го траскриптот.
