Бомба пукна во двор на жител на Сарај
Експлозивна направа синоќа околу 23.30 часот e фрлена кон домот на М.Д. во Сарај.
Случајот во полиција го пријавил сопственикот на куќата, кој кажал дека по експлозијата има оштететување на возилото и куќата.
Засега не се знае кој и зошто ја фрлил експлозивната направа во дворот.
Екипи на полицијата и единицата за антитероризам излегле на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Слично
