„Бомба“ на Ел Чека открива како и зошто ДУИ договара вработувања
Шеќерим Ахмеди од кичевското село Туин познат под псевдонимот Ел Чека денеска објави нови прислушувани разговори за функционери од ДУИ.
Тврди дека на снимката се слушаат гласовите на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, и на Муса Џафери, кои наводно договараат вработување на партиски кадри.
„Градоначалникот на општината има еден предмет кај тој судијата и треба да му ја вработиме ќерката“, се слуша од „бомбата“.
Ел Чека вели дека прислушуваните разговори ги добил од припадници на групата осудени во случајот „Диво Насеље“.
Обвинителството го гони Ахмеди за неовластено прислушување и тонско снимање.
Тој со месеци објавува „бомби“ кои ја тресат македонската политичка сцена. Ел Чека живее во Америка.
Слично
