Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Бомба“: Јанкулоска бара од Јанакиески да спречи авион со гласачи

„Бомба“: Јанкулоска бара од Јанакиески да спречи авион со гласачи

Една од новите „бомби“ на денешното рошиште за случајот „Титаник“ предизвика најголемо внимание во која поранешната министерка Гордана Јанкулоска бара изборна саботажа од екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески така што ќе спречи авионски лет со потенцијални гласачи навреме да допатува во Македонија.

Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески се договараат како да задоцнат македонски Албанци кои на 24 март 2013 тргнале за Кичево на гласање со авиони од Швајцарија.

“Може ли Миле да се јавиш и да се договориш со ‘ТАВ’ да ги задржат некако патнициве од Цирих. Два авиона ни се критични. Денеска доаѓаат. Едниот да го сопреме, добри сме. Речи им на „ТАВ“ нека го зашуткаат авионов, нека се задржат на писта 15 минути, нека ги вадат бавно патниците, движењето по скали нека го успорат “, му вика Јанкулоска на Миле Јанакиески.

Тој пак се јавува во „ТАВ“ и го кажува предлогот. Лицето од аеродромската компанија му вели: „Најубаво е Контрола на летање да го врти подолго на небо”.

Потоа во друг разговор со лице од МВР Јанакиески предлага:

„Да направиме една сообраќајка пред Кичево, да се блокира патот? Сериозен сум за ова. Ете трактор нека се испреврти“.

Јанкулоска пак на Миле му предлага: „Нека се преврти камион натоварен со песок, такво нешто да се преврти, зашто овие ќе доаѓаат со коли“.

Во „Титаник” за злосторничко здружување, поткуп при гласање, незаконско финансирање изборна кампања, злоупотреба на службената положба, закани, фалсификување исправи и други кривични дела обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер Кирил Божиновски Илија Димовски, Билјана Бришковска-Бошковски, Едмонд Темелко и други.

Слично

Поврзани вести