Економија, финансии, бизнис

Контакт

Болно дете со магаре оди на училиште

Болно дете со магаре оди на училиште

Седми март 2019-та година. Деветгодишниот Милош се подготвува за на училиште. Освен, ранецот со книги, секое утро прави подготовки и за неговиот необичен превоз, oбјави Тв 24. 

„Eве сега е топло може и пешки, ама некогаш со магаре. А не е сега време дете со магаре да носиш на школо. Тоа е..условите се тешки“ – вели татко му Трајан.

Часовите во скопското училиште во Сушица почнуваат подоцна од стандардното време, бидејќи на учениците од Живиње, за да стигнат им треба околу еден час, ако одат пеш, и двојно повеќе за да ја искачат угорнината за назад кон дома. 

„Не заслужува едно детенце да живее во такви услови искрено речено. Мислам дека кај луѓето хуманоста ќе се разбуди и ќе затоа што на ова семејство навистина му е потребна помош“ - вели неговата учителка Силвана Василевска.

фото Тв 24

Слично

Поврзани вести