Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОЛНИТЕ ОД КОРОНА ИМААТ РАЗЛИЧНИ СИМПТОМИ: Голема студија открива 17 знаци на болеста

БОЛНИТЕ ОД КОРОНА ИМААТ РАЗЛИЧНИ СИМПТОМИ: Голема студија открива 17 знаци на болеста

Големата студија на Американскиот центар за контрола и превенција на болести покажува дека корона вирусот изобилува дури со 17 различни симптоми, но најчестите секако остануваат оние за кои до сега говореа научниците, а тоа се кашлица, замор, главоболка и губење здив. Студијата покажува и дека заболените развиваат просечно околу 7 симптоми кои траат подолго од 10 дена.

Најголем број од пациентите кои биле опфатени во истражувањето имале замор, дури 71 процент, а потоа кашлица и главоболка, 61 отсто. Оние кои траат најдолго, како што утврдиле научниците се кашлицата, замор и останување без здив. Најкусо траат температура и треската.

Повеќето пациенти со тешка симптоматологија имале оние со други здравствени состојби, односно висок крвен притисок, дебелина, психијатриско заболување, астма и дијабетес.

Студијата покажува и дека некои од пациентите изгубиле симптоми по само пет дена, а 65 проценти биле без никакви манифестации на болеста по 12 дена, а тој број претставува просечно времетраење на болеста. Сепак, 35 проценти од испитаниците покажале некои симптоми дури и по две недели. Меѓу нив, секој втор пациент е постар од 50 години, секој петти меѓу 16 и 34 години и секој трет меѓу 35 и 50 години.


Слично

Поврзани вести