Економија, финансии, бизнис

Контакт

Болниот и изнемоштен чичко Драги бара помош од градоначалникот Наумоски

Болниот и изнемоштен чичко Драги бара помош од градоначалникот Наумоски

По апелот за помош на социјалните мрежи за Чичко Драги кој продава на Рекорд, за да се прехрани себе и несебично да сподели со кучињата, тој побара помош и средба со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Според апелот чичко Драги, кој боледува од рак, чека резултати и насоки за следна операција. Тој живее во немаштија и е изнемоштен од болеста. Хуманите луѓе кои сакаат да му помогнат велат дека не може да си обезбеди стерилни памучни гази по операцијата, поради што користел салфетки.

„Очајно сме му потребни, ако ништо оставете му храна макар тоа да е и леб нема да ве одбие. Можете да го најдете среда, четврток и петок од 9 до 13:30 часот кај Центар бар“, се вели во апелот за помош објавен на социјалните мрежи.

Сите оние кои сакаат да донираат парични средства, а не можат да стигнат до неговата тезга до 13:30, може да донираат на следниве 2 начини:

Оставање пари во донациска кутија во кафе-барот MIG 21 Café, кој се наоѓа на Ул. Македонија, точно спроти спомен-куќата на Мајка Тереза;

Уплаќање на трансакциска сметка на име Драги Паровски, бр. 210501609079020.


Слично

Поврзани вести