БОЛНИЦИТЕ ВО ШТИП, КУМАНОВО И ПРИЛЕП И ЗД ГОСТИВАР ДОБИЈА ПОМОШ ОД ГЕРМАНИЈА: Донација од 152.000 евра
Донација во
вредност од 152.000 евра од Владата на Германија добија четири здравствени установи во
земјата, со што германската Влада
дава поддршка во справувањето со епидемијата Македонија. Договорите за вредната донација ги потпиша новата
германска амбасадорка во Македонија, Анке Холштајн, а 152.000 евра ќе бидат распределени меѓу: ЈЗУ Клиничка болница
во Штип, ЈЗУ Општа болница во Куманово, Здравствен дом во Гостивар и ЈЗУ Општа
болница „Борка Талески“ во Прилеп. Парите
ќе бидат искористени за набавка на медицинска опрема и амбулантни
возила.
Од амбасадата изразија благодарност до невладините организации, односно до Фондација за локален економски развој од Штип, Центар за рурален развој од Куманово, Европски центар за развој, толеранција и соработка од Гостивар и Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп за соработката при имплементација на овие проекти.
