Економија, финансии, бизнис

Контакт

Болницата во Гостивар доби просторија каде муслиманите ќе можат да се молат

Болницата во Гостивар доби просторија каде муслиманите ќе можат да се молат

Болницата во Гостивар „Др.Ферид Мурад“ доби просторија за молење за вработени и пациенти со муслиманска вероисповест. Од установата оваа информација ја соопштија на Фејсбук. 

Вработените во гостиварската болницата, како и пациентите ќе може да се молат и да ги изведуваат своите верски обичаи во посебни простории во болницата. Иницијативата е на активисти, граѓани, вработени и пациенти. 

Докторката Дафина Стојановска, која е пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ,  прашува дали ова треба да е приоритет на болницата и дали сите останати потреби за лекување на пациентите и за персоналот се задоволени.

Слично

Поврзани вести