Економија, финансии, бизнис

Контакт

Болницата „8 Септември“ полека колабира-четири операциони сали под клуч

Болницата „8 Септември“ полека колабира-четири операциони сали под клуч

Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје е пред колапс.

Причината за затворањето на одделенијата во болницата според тврдења на раковоството е недостигот на медицински сестри.

Овој проблем тропа на вратите на болницата веќе подолг период а од вчера не аботат одделенијата за пулмологија со ендокрнологија и општата и ургентната хирургија, а денес се става клуч на четири операциони сали.

Болницата најавува дека ќе го намали и приемот на пациенти, раководството тврди дека има премногу работа, а и дека голем персонал користи годишни одмори.

Сепак оттаму најавуваат дека доколку Министерството за здравство не најде решение за проблемот, ќе излезат на протести.

Директорот на болницата за дел од медиумите истакнал дека за овој проблем ги алармирал надлежните веќе подолго време, но најверојатно тие останале глуви на барањата за отворање на нови работни места.

Слично

Поврзани вести