Економија, финансии, бизнис

Контакт

Болна вистина: шест жени биле убиени од своите сопружници минатата година

Болна вистина: шест жени биле убиени од своите сопружници минатата година

21 век, а за родовото насилство сѐ уште се молчи. Жените уплашени не сакаат отворено да зборуваат. Минатата година шест жени биле убиени од нивниот сопружник.

„Проблемот кај нас е што нема институционална заштита. Кога жената ќе се реши да излезе од таа насилна средина, да се обрати некаде, таа не ја добива неопходната поддршка за да може да опстојува.“ - Наташа Димитровска – Национална мрежа против насилството врз жените.

Потребно е длабинско  решавање на овој загрижувачки проблем. Големи законски промени, заштитни центри, но и квалитетен, стручен кадар.

„Имаме закони кои се однесуваат на семејно насилство. Треба да се направ закони кој ќе ги опфаќа сите видови на родово базирано насилство“ - изјави Наташа Димитровска (за судскиот систем).

Се огласија и од владата.

„Важно е да имаме 25 засолништа за жртви на насилство, најмалку 5 центри за жртви на силување и над 20 советувалишта за кризни интервенции.  Неопходна е едукација на персоналот во центрите за социјална работа, МВР и Министерството на здравство, но и на судиите и јавните обвинители кои што мора да го препознаат и санкционираат насилсвото.” - изјава Мила Царовска – министерка за труд и социјална политика.

Истанбулската конвенција, која Македонија ја ратификуваше меѓу последните земји во Европа, според Обединтетите Нации беше полесниот дел од предизвикот за борба против насилството. Сега велат време е за резултати, пишува 24 вести.



Слично

Поврзани вести