Болката е преголема: Поранешниот министер Мисајловски се прости од Лазе Најдовски
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски Владо Мисајаловски се прости на социјалните мрежи од Лазе Најдовски. Мисајловсли вели дека се горди што имале таков пријател. Најдовски почина вчера од компликации на коронавирусот. За него многумина споделуваа апели за донации откако неговото семејство побара помош за неговото лекување во приватна болница.
„Си замина нашиот брат и пријател Лазе. Болката е преголема за да се опише со зборови… ВЕЧЕН ќе останеш во секој еден од нас. Сите сме горди каков човек, татко и пријател имавме до себе. Се бореше и не се предаваше до последен здив.
Сочувство до неговата фамилија.
Лесна ти земја брат – напиша Мисајловски.
Слично
