БОЛИ РЕАЛНОСТА: Полицијата објави детали за сообраќајката во која загина петнаесетгодишникот
Полицијата објави детали од вчерашната тешка сообраќајка во која животот го изгуби малолетник - петнаесетгодишник од Скопје.
Според полицијата настанот се случил вчера по 13 часот на улицата „500“ во скопското село Марино. За случајот во СВР Скопје било пријавено во 13.20.
„Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(30) од Скопје и мопед „априлија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Скопје. Од здобиените повреди малолетникот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, велат од полицијата.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција, а возилото било однесено на вонреден технички преглед.
