Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боксерот се „враќа“ во рингот - Примислав Димовски ќе командува со Алфите

Боксерот се „враќа“ во рингот - Примислав Димовски ќе командува со Алфите

Примислав Димовски кој има богата боксерска кариера повторно ќе застане на чело на специјалната полициска единица за прв одговор и интервенција „Алфа“. Димовски исто така ја вршеше оваа функција додека министер за внатрешни работи во „Пржинската“ влада беше Оливер Спасовски и сега повторно е назначен. 

Тој по втор пат го замени Ивица Антевски-Пуки, кој пак сега е разрешен. Тогаш против Димовски беа поднесени и кривични пријави за несовесно работење кои тој ги оцени како политички мотивирани и за истите најави тужби за клевета.

Примислав Димовски има 16 годишно професионално искуство во специјалните единици на МВР, и има освоено 5 место на светско првенство во бокс. 


Слично

Поврзани вести