Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боки13 и Катица ќе убедуваат дека не се виновни за „Рекет“, сведоци Камчеви

Боки13 и Катица ќе убедуваат дека не се виновни за „Рекет“, сведоци Камчеви

Првообвинетиот Бојан Јовановски и втората обвинета Катица Јанева денеска ќе ја убедуваат обвинителката Вилма Рускоска и судот дека не се виновни во судскиот процес „Рекет“.

Обвинетите на рочиштето ќе се соочат и со брачниот пар Камчеви кои се јавуваат како сведоци.

– Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци, изјави обвинителката Рускоска на првото рочиште.

Вина за примање награда во овој процес призна Зоран Милевски Кичеец кој доби три години затворска казна.

Катица Јанева и Бојан Јовановски цврство стоеја на ставот дека не се виновни ниту трошка.

Слично

Поврзани вести