„БОКИ ВООПШТО НЕ ПЕРЕЛ ПАРИ, ЕДНОСТАВНО ГИ ТРОШЕЛ“: Професорот Калајџиев поинаку ги толкува работите
Откако вчера беше објавена пресудата за случајот Меѓународен сојуз, каде Бојан Јовановски-Боки 13, е прогласен за виновен за „измама“ и „перење пари“, за што му е изречена единствена казна затвор во траење од пет години, се огласи професорот по кривично право Гордан Калајџиев.
„Боки воопшто не перел пари туку едноставно ги трошел! Бедна е практиката на нашите судови за тоа што е перење пари. Имено, пуштањето на пари во оптек мора да е заради прикривање а не за трошење!“, напиша тој.
Слично
