Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боки на хирургија, рочиштето за Меѓународен сојуз одложено

Боки на хирургија, рочиштето за Меѓународен сојуз одложено

Бојан Јовановски - Боки 13 е префрлен на универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ поради што е одложено денешното рочиште за „Рекет-2“. Јовановски е првообвинет во овој случај за кој станува збор за невладината организација „Меѓународен сојуз“. Следното рочиште е закажано за 28 октомври 

Бојан Јовановски е во болница од завчера, а таму е спроведен од затворскиот притвор.

Тој беше прв човек на невладината организација „Меѓународен сојуз“. Второобвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски која била заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, а обвинети се и Јасна Мандиќ, таткото на Бојан - Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска. 

Слично

Поврзани вести