Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боки Јовановски нема да посвојува деца, ама ќе помага финансиски на семејствата

Боки Јовановски нема да посвојува деца, ама ќе помага финансиски на семејствата

Бојан Јовановски се обиде да ја спушти прашината која неодамна се крена откако јавно ја откри одлуката дека сакал да посвои три деца како самец кои целосно би ги изгледал. Тој во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека поради сите напади кои ги доживеа изминативе денови, ќе ја остави неговата желба за посвојување за некои подобри времиња.

- Го чекав ова гостување. Донесов одлука, поради негативната кампања и се што доживеав изминативе денови. Мојата желба за посвојување на три деца ќе ја оставам за некои подобри времиња. Ќе се откажам од својата желба и идеја. Ќе се откажам под еден услов. Ова ми тешко да го зборувам. Ќе се обврзам да бидам финансика поддршка на семејство кое ќе одлучи да посвои деца. Ќе се грижам за тие деца комплетно до 18 години. Ќе се обврзам по 18 години, да партиципирам со неговите родители и во високото образование и вработување, рече Јовановски.

Поранешниот шоумен кој сега се бави со хуманитарни акции исто така посочи дека доколку детето кое ќе биде посвоено а, има пречки во развојот ќе го помогне заедно со семејството.

Слично

Поврзани вести