Боки Јовановски е нов претседател на МСЦО, се сретна и со министерката Царовска
Поранешниот шоумен, а сегашен хуман активист, Боки Јовановски е избран за претседател на Меѓународниот сојуз за цивилно општество-Скопје со гласови на членови од земјава и Европа. Тој оствари и прва средба со новата министерка за труд и социјална политика Мила Царовска со која очекува голема соработка на повеќе хумани проекти.
- Како претседател на сојузот ќе се потрудам да има насмеани лица и насмеано општество, односно да нема гладни, боси и колку што можеме сите заедно здружени, сплотени без никакви поделби да бидеме во служба на оние кои што им е најпотребно, рече Јовановски.
Од Меѓународниот сојуз пак, соопштија дека ќе функционира во земјава и регионот според сите европски стандарди, со цел зајакнување и заштита на правата на социјално загрозени граѓани. Во текот на првата година предвидена е реализација на два проекти и креирање и подигнување на системите за логистика на асоцијацијата. Се предвидуваат подолгорочни решенија во цивилното општество и кај загрозените категории.
