Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОКИ 13 ВРАТЕН ВО ЗАТВОР СО ПРЕТКАНЦЕРОГЕНА СОСТОЈБА, се бара лекување поради опасност за неговиот живот

БОКИ 13 ВРАТЕН ВО ЗАТВОР СО ПРЕТКАНЦЕРОГЕНА СОСТОЈБА, се бара лекување поради опасност за неговиот живот

Повторно се огласија од правниот тим на Бојан Јовановски со прекар Боки 13, од каде потенцираат дека тој од болничко лекување е вратен во затворот „Идризово“ во пред канцерогена состојба. 

- Ваквото постапување е спротивно на препораките дадени од десетици лекари кои го лекуваа Јовановски во изминатиот период, спротивно на конзилијарните мислења и лекарските извештаи. Во нив јасно стои дека без прекин на казната, услови за лекување на метаплазието на желудник не може да се спроведе во пенални услови, а со оглед на специфичната состојба во која се наоѓа - се наведува во соопштението испратено до редакцијата.

Од правниот тим посочуваат дека предканцерогената состојба на Јовановски имаат хистопатолошки наод од Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје каде се констатира: „Наодот одговара за хроничен гастритис со фокуси на интестинална метаплазија“.

- Од медицинската документација, јасно стои: „Доколку не се спроведат дадените препораки за понатамошно лекување на пациентот исклучиво и единствено во задолжителни домашни услови, согласно сето погоренаведено ќе настанат трајни последици по животот и здравјето на пациентот. Наодот е реферириран на стручен колегиум на ЈЗУ УК св. Наум Охридски и стручниот колегиум  е едногласно согласен за дадените препораки и упатство за понатамошно лекување - пишуваат во сооштението.

Притоа додаваат дека и од Клиниката за дигестивна хирургија е посочено: „Се придржуваме кон препораките издадени од колегите од  ЈЗУ УК св. Наум Охридски, со оглед на фактот дека пациентот таму е опериран и лекуван и од ЈЗУ за Гастроентерохепатолигија каде што е прегледуван и иследуван“.

- Потсетуваме дека Јовановски веќе алармираше дека е мета на невидена и незапаметена тортура, која исто така, влијае на неговото здравје. Враќањето на Јовановски во пенални услови и во ваква здравствена состојба не претставува само грубо кршење на неговите права, туку и опасност за неговиот живот. Јовановски очекува тортурата кон него да биде поинтензивна и поради сите јавни објави. Ја повикуваме јавноста будно да го следи процесот кој тој го иницираше - заклучуваат од правниот тим.

Дел од документацијата доставена до нашата редакција:

Слично

Поврзани вести