Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боки 13 во Шутка: Одреден му е притвор

Боки 13 во Шутка: Одреден му е притвор

На Бојан Јовановски познат како Боки 13 му бил одреден 30 дневен притвор по што е спроведен во истражниот зaтвор Шутка. Притворот го одреди судија на претходна постапка во Кривичниот суд по распитот за случај во кој тој е осомничен од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Претходно заменик директорот на „Шутка“ Садуш Арифи за ТВ21 потврди дека одреден е притвор за Зоран Милевски Кичеец и дека Кичеец е донесен во затворот со полициска придружба.

Јовановски се сомничи за трговија со влијание врз јавен обвинител.


Слично

Поврзани вести