Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боки 13 со клетва до Рускоска: Господ ќе те казни!

Боки 13 со клетва до Рускоска: Господ ќе те казни!

Бојан Јовановски, обвинет во случајот „Рекет“, пред почетокот на денешното рочиште и упати клетва на обвинителката Вилма Рускоска. Додека и викаше на обвинителката, Боки 13 во рацете држеше медицинска документација, прашувајќи ја како за неа неговата малигна состојба е добра здравствена состојба.

И се обрати со висок тон дека „врши тортура врз него и дека Господ ќе ја казни“, по што обезбедувањето реагираше и го изнесе од судница. Отакако ситуацијата се смири, а судечкиот совет влезе во судницата, Јовановски беше вратен, а рочиштето почна.

Инаку денеска Боки 13 повторно се пожали на болки и рече дека со гастроскопија му е утврдено дека некој орган треба да му биде отстранет. Рече дека има рак на желудник и дека можело тоа да се избегне доколку бил соодветно третиран.

Инаку на денешното судење треба да се презентираат снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството, кои беа објавени во „Ла Верита“.


Слично

Поврзани вести