Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боки 13 се караше со судијката по што полицијата го изнесе од судницата

Боки 13 се караше со судијката по што полицијата го изнесе од судницата

Oбвинетиот во судскиот предмет „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски попознат како Боки 13,  денеска со полиција беше изнесен од судница, поради непристојно однесување и кавга со судијката.

Јовановски реагираше дека недостигаат материјали од неговиот телефон, кој го вештачеше МВР и дека не е виновен што тие не се презентирани, бидејќи форензичкото вештачење го добил летото. Ја обвини судијката Софче Гаврилова Ефремова за цензура и побара нејзино изземање од случајот.  Атмосферата во судницата се вжешти во моментот кога Јовановски рече дека бил во пријателски односи со блиска роднина на судијката, по што Гаврилова-Ефремова побара интервенција на затворската полиција.

Освен Боки 13, во случајот „Меѓународен сојуз“, се гонат и неговиот татко, вработени во невладината и екс пратеничката Фросина Ременски. Обвинети се за измама на двајца бизнисмени.

Слично

Поврзани вести