Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОКИ 13 ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ОПЕРИРА - мајка му вели дека зафатот носи ризици

БОКИ 13 ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ОПЕРИРА - мајка му вели дека зафатот носи ризици

Бојан Јовановски-Боки 13 повторно на операција. „Скопје1“ дознава дека нему одново му се извршува операција, овојпат во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Потврда за ова добивме од неговата мајка, Јасминка Јовановска, која за „Скопје1“ посочува дека операцијата носи своја опасност.

„Да, примен е на Клиника и се очекува да започне операцијата. Операцијата е за отстранување на липоми, последица на претходните операции, се извршува на Државната клиника“, вели Јовановска за „Скопје1“.

Ова е петта операција на Јовановски-Боки 13, а опоравувањето ќе трае.

„Секоја операција носи своја опасност, со оглед дека Бојан досега е петпати опериран. За жал нема подобрувања во здравствената состојба, по оваа операција ќе треба да се третира соодветно. Опоравувањето ќе трае со оглед дека така налагаат лекарските препораки“, додава Јовановска за „Скопје1“.

Јовановски беше пуштен на слобода токму поради влошена здравствена состојба, за што судот доби потврда од повеќе лекарски извештаи, направени од повеќе клиники но и повеќе доктори, како и цели лекарски конзилиуми.

Пред десет месеци, му беше отстранет и скоро целиот желудник. Хирургот од болницата „Св. Наум Охридски“, Стојанче Јованов, јавно алармираше дека била извршена комплицирана и ризична операција, која беше и животозагрожувачка.

Извор: Скопје 1

Слично

Поврзани вести