Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боки 13 нуди куќа и дуќан за 150.000 евра за да излезе од Шутка

Боки 13 нуди куќа и дуќан за 150.000 евра за да излезе од Шутка

Гаранација вредна околу 143 илјади евра нуди обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски за да излезе од притвор. Одбраната соопшти денеска дека гаранцијата која е понудена пред Апелацискиот суд е една куќа која вреди околу 102.000 евра и деловен простор со вредност од 40.000 евра. Куќата била во сопственост на негов прв братучед, додека дуќанот е на име на неговата мајка Јасминка Јовановска. 

Денеска Апелациониот суд одлучува по жалбата на Јоановски за притворот, а седницата е јавна. Боки 13 и порано бараше да излезе од притвор, ама ова е прв пат да нуди материјална гаранција. Тврдеше дека не е здравствено добар и дека нема намера да бега за да ја докаже својата невиност. 

Неговиот адвокат Сашо Дуковски и денеска потенцираше дека неговата здравствена соостојба е лоша. 

Слично

Поврзани вести