Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОКИ 13 НЕ Е ВО ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА СОТОЈБА: Ќе остане во Градска болница уште неколку дена, рече Д-р. Арсенков за Фактор

БОКИ 13 НЕ Е ВО ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА СОТОЈБА: Ќе остане во Градска болница уште неколку дена, рече Д-р. Арсенков за Фактор

Д-р. Љубен Арсенков, В.Д. директорот на Клиниката за хируршки болести„ Свети Наум Охридски“, односно старата Градска Болница во Скопје за Фактор потврди дека нивниот пациент, Бојан Јовановски-кој јавноста го знае како Боки 13, сè уште е хоспитализиран и е на болнички третман во таа здравстева установа.

-Откако му беше извшена операцијата поради прснат чир на желудникот, пациентот Бојан Јовановски добро се опорави и по некое време го отпуштивме од болница. Но по три дена повторно го хоспитализиравме и сè уште е тука. Се жали на гадење, повраќање, но не е на интанезивна нега. Неговата здравствена состојба не е животозагрозувачка. Згрижен е на одделение и веројатно тука ќе остане уште неколку дена за да се опоравио и да закрепне целосно, вели за Фактор, д-р. Арсенков.

Поради здравствената состојба на Боки 13 денеска беше одложено денешното рочиште за случајот ,,Меѓународен Сојуз“ во кој тој е обвинет, а неговата одбрана поднесе уште едно барање за замена на мерката притвор со мерката куќен притвор.

Инаку, Бојан Јовановски беше итно примен во болница на 8.септември, и му е направена итна операција откако лекарите му констатирале дека станува збор за прснат чир на желудникот. 

На макдеонската јавност тој и е познат како првообвинет во случајот Рекет, за што доби затворска казна во времетраење од девет години.


А.Б.

Слично

Поврзани вести