Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боки 13 ќе биде во болница до понеделник, мора да се комплетираат сите прегледи

Боки 13 ќе биде во болница до понеделник, мора да се комплетираат сите прегледи

Бојан Јовановски, или познат во јавноста како „Боки 13“ е сместен во одделението за интензивна нега во болницата „8 Септември“, соопштуваат од болницата. 

Во соопштението се наведува дека престојот во тоа одделение не е заради тежина на неговата состојба, туку, како што се вели, „заради почитување на безбедносните протоколи“, односно додека не се комплетираат сите прегледи.

Од болницата додаваат дека Јовановски ќе биде пуштен најдоцна во понеделник, на 02. 12.2019 година.


Слично

Поврзани вести