Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боки 13 ја зафркнал и Тамара

Боки 13 ја зафркнал и Тамара

-Донацијата од 10.000 евра од Боки 13 никогаш не беше реализирана-Ова го истакнува пејачката Тамара Тодевска во интервју за Фокус.

Тамара одби да ги искоментира случувањата околу Бојан Јовановски.

Токму по враќањето од Евровизија Тамара влета во студиото на 1ТВ, а од менаџментот на чело со Бојан Јовановски доби донација од 10.000 евра како помош ветена за градењето на нејзината интернационална кариера. 

-Не би сакала да коментирам ништо околу случувањата со Бојан Јовановски. Сепак, се познавам со него подолго време и кон мене бил секогаш коректен. Донацијата никогаш не беше реализирана-открива Тамара во интервјуто.

Имено, според најавите од доделената донација, истата на сила требаше да стапи веднаш.

Видеото во кое Боки13 лично и ја предаде црвената папка со парите на хартија може да го погледнете подолу, а истата донација беше соопштена на самиот старт.


Слично

Поврзани вести