Боки 13 го доби мобилниот телефон, со Ременски побараа изземање на Русковска
Бојан Јовановски, првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“ и поранешната потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски, на денешното рочиште побараа одземање на обвинителката Вилма Рускоска од случајот.
На денешното судење, наместо изведување докази, Боки 13 повторно побара изземање на Русковска. Кон ова барање се приклучи и Ременски. Ваквото барање следува откако судот на Јовановски му дозволи да ги добие како докази податоците од неговиот мобилен телефон, нешто што тој го бараше и во претходниот предмет „Рекет“ каде е неправосилно осуден.
Јовановски рече дека во мобилниот поседува комуникации од разни апликации кои покажуваат дека Русковска постапувала пристрасно. Јовановски вели дека имал пораки во кои Русковска за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева употребувала навредливи зборови.
Ременски додаде дека тоа се нови околности и дека Русковска треба да биде изземена
