БОКИ 13 Е ПОД СЕДАТИВИ И СЕ ЖАЛИ НА БОЛКИ ВО СТОМАКОТ- судијката повика брза помош
Боки 13 денеска во судот се пожали дека е под седативи и дека не се чувствува добро. За тоа доби поддршка од неговиот адвокат. Од тие причини, неговата здравствена сопстојба всушност и денеска ги скара судот и одбраната.
Откако Јовановски се пожали дека не се чувствува добро, судијката Васка Николовска-Масевска не попушти и беше изрична дека ако Јовановски е донесен во судница, тоа значи може да го следи судењето.
Тој вчера беше отсутен, а од затворот до судот беше испратено известување од лекар дека тој не може да следи судење, но, денеска никој не и испратил таков документ на судијката.
Според поплаките од Боки 13, тој е под седативи, одвај зборува и трпи огромни болки во стомакот, а се пожали и дека вчера не бил прегледан од тм од лекари, како што наложил судот, туку го прегледал само еден дежурен лекар.
“Едвај зборувам бидејќи сум под седативи. Имам огромни болки во желудникот. Вчера не бев прегледан конзилијарно, беше само еден доктор кој беше дежурен. Медицинската сестра сабајле ми даде ‘Блоксан’. Вчерашното мое носење е тортура”, рече Јовановски по што Дуковски рече “Очигледно не може да зборува, ве молам да ја санирате состојбата”.
Тој од судијката побара да се утврди неговата здравствена состојба врз основа на сите досега 60 прегледи што му биле направени, на што таа рече дека ќе повика Брза помош во судот која по прегледот ќе утврди дали тој денес може или не да го следи судскиот процес.
Сашко Дуковски ѝ укажа на судијакта дека неговиот клиент е неконтактибилен и дека тој како бранител веќе 5 дена со него немал никаков контакт и дека денеска одвај може да го разбрее што зборува.
Иако судијката сакаше да го почне денешното рочиште за „Рекет“ и рече дека денес ќе се продолжи со увид во останатите докази, таа сепак по упорноста на Дуковски и Јовановски одобри лекари пак да го прегледаат Јовановски. По пауза од половина час и по одлуката на лекарскиот тим ќе се знае дали денешното рочиште за „Рекет“ ќе продолжи.
