Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боки 13 бара средба со обвинителот Ислам Абази за да му ги предаде „бомбите“

Боки 13 бара средба со обвинителот Ислам Абази за да му ги предаде „бомбите“

Бојан Јовановски, осудениот во случајот „Рекет“, преку писмо, објавено до јавноста, побара стедба со јавниот обвинител за организиран криминал и корупција Ислам Абази.  Боки 13 во писмото до јавниот обвинител вели дека сака да поднесе кривини пријави за коруптивни, казниви дела и криминални дејствија на лица од највисоките државни структури од сферата на политиката, правосудството и бизнис елитата.

„Во име на високиот степен на јавниот интерес, Ви соопштуваме дека Бојан Јовановски иницираше постапка пред јавниот обвинител Ислам Абази, шеф на ОЈО за ГОКК Скопје. На ден 16.02.2023 година Бојан Јовановски во писмена форма, своерачно потпишана од негова страна, тој побара да биде изведен во најкус можен рок, исклучиво пред обвинителот Ислам Абази и во присуство на полномошниците м-р адвокат Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје и Сашо Дуковски адвокат од Скопје, поради тоа што истакнува дека единствено има доверба во посочениот јавен обвинител“, се вели во писмото.

Јовановски во обраќањето вели дека ќе ги предаде сите докази во поткрепа на пријавите , а доказите кои ги поседува се во форма на снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видео записи ( т.н. "бомби" ) како што е и наведено и во самото барање до јавниот обвинител.

„Ја известуваме јавноста дека благовремено преку јавните гласила ќе бидат споделувани информации за отпочнатиот процес и ја повикуваме јавноста со внимание да го следи процесот, особено важно поради статусот и положбата на подносителот Бојан Јовановски, за кој апелираме дека после започнување на овој процес ќе биде изложен на интензивирана тортура, притисоци и закани, па оттука повикуваме на разумност и поддршка од општата и стручната јавност“, се додава во повикот до јавноста.


Слично

Поврзани вести