Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боката им се извини на „Лице в лице“, но препукувањата продолжуваат

Боката им се извини на „Лице в лице“, но препукувањата продолжуваат

Кафулето Боката упати извинување до магазинот „Лице в лице“ за неодамнешното недоразбирање кога еден колпортер заедно со новинарката Јагода Михајловска Георгиева било побарано да го напуштат локалот и да не го продаваат списанието на гостите.

„Во име на фирмата и персоналот на Боката им се извинуваме на луѓето вработени во списанието Лице в лице. Како сите граѓани така и ние немаме ништо против лицата со посебни потреби и сите останати групи што се наведени во текстот. Секогаш сме поддржувале хуманитарни акции. Бараме разбирање бидејќи во нашиот локал секојдневно влегуваат лица од различни категории и не се сите со добра намера што ги вознемируваат нашите гости.

Во иднина ако сакате да го продавате вашето списание кај нас би ве замолиле предходно да бидеме известени и нема да има никакви проблеми. Како фирма би купиле по неколку примероци за да ја покажеме нашата хуманост која постојано ја правиме кон оваа група (чаша вода, чај, користење на тоалетот). Се оградуваме од оштрината и реториката на самиот текст“, се вели во извинувањето од Боката.

Сепак, извинувањето не било доволно, па така реакциите не стивнуваат. Сега, со контра став од тој на Јагода Михајловска Георгиева излезе Виктор Поповски кој смета дека е неправедна.

„Госпоѓо Михајловска-Георгиева, крајно изиритиран и згрозен од вашиот статус во врска со настанот во кафулето Боката ме тера да реагирам на неправдата. Изиритиран сум и од вашето прифаќање на извинувањето кое, кога внимателно ќе се прочита и не е прифаќање туку повторно обвинување.

Во кафулето Боката сум постојан гостин повеќе од 5 години. А од друга страна добар пријател сум и на Лице в лице, каде има и моја репортажа, а и јас сум ја имал истата улога како и вие, колпортер, ако ве интересира има фотографија на мојот профил во истата таа колпотрерска наметка која ви ја дадоа и вам.

Зошто сум изиритиран и згрозен?

1. Кои сте вие да карактеризирате некого како “Кербер девојчиште” една жена, мајка на малолетно дете и јавно да ја шиканирате и осудувате и со фотографија да ја посочувате како црн ѓавол, затоа што не ви дозволила да продавате весник во приватен објект?
2. Никаде не напишавте дека ви се обратиле вам или на колпортерите како на Роми, ама вешто манипулирате со тоа. Половина од текстот ви се заснова на вашата перцепција дека сте биле избркани затоа што колпортерите биле Роми.
3. Текстот започнува со “Забранет влез за пци, разни гадинки...и колпортери (Роми и други маргинализирани и загрозени групи)” – како тоа го заклучивте од само еден минута во кафулето? Безброј пати сум видел како си седат луѓе во Боката со миленици, на кои тоа гадинки инсинуирате, а за колпортерите има уште да се додаде.
4. Бев на само еден метар од вас за време на случката и одговорно сведочам дека никој не ве допре со прст, за разлика од вашата перцепција дека имало физички контакт.
5. Вие сте и новинарка и како таква знаете како да напишете оцрнувачки текст, ама денес токму против таквите новинарски текстови се бориме, еднострани необјективни и без докази.
6. Ајде малку да ја погледнеме и другата страна. Кафулето Боката и тоа како е поддржувач на списанието Лице в лице. Вие не сте ни првата ни последната која се нашла на задната страна на списанието. Знаете ли колку од минатите се спремале пред фотографирање во истото тоа кафуле? Дали знаете дека истото тоа кафуле дозволи пред самиот влез да се прави промоција на еден од броевите на Лице в лице и обезбеди струја за истиот настан. Знаете ли дека колпортерите секојдневно доаѓаат да извршат нужда и да се напијат по некоја чаша вода и дека до моментот на вашата ситуација немало никаков проблем околу тоа?
7. Дали можеби вашиот настап кон Кербер девојчиштето испровоцирало да ви одговори како што ви одговорила?

И на крај велите со почит? Со каква тоа почит госпоѓо ги напишавте сите тие невистини, прашува Поповски на социјалните мрежи.

Слично

Поврзани вести