Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОЈМАЦАЛИЕВ: Неодобрени 48.000 пасоши на ниво на држава, а 44.000 неодобрени пасоши само во Скопје

БОЈМАЦАЛИЕВ: Неодобрени 48.000 пасоши на ниво на држава, а 44.000 неодобрени пасоши само во Скопје

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за Сител даде конкретни бројки колку граѓани се фотографирани, а не ги подигнале личните документи.

„Околу 48.000 пасоши на ниво на државата не се одобрени, луѓето се сликале, а не се ставени на печатење, со тоа го пробиваме законскиот рок. На ниво на лични карти, бројката е 33.000 на ниво на државата, а на ниво на Скопје - 44.000 пасоши и 30.000 лични карти. Со ова се потврдува уште еднаш тезата дека внатрешноста е скоро завршена, граѓаните ги имаат заменето своите лични документи, остана само Град Скопје”, изјави Бојмацалиев. 

Притоа, тој оддаде признание на вработените во управните служби и уште еднаш потенцираше дека нема никаква саботажа во процесот на промена на личните документи на граѓаните.

„Морам да признаам дека колегите внатре работат макотрпно, но мора да се внимава целиот процес да функционира нормално. Нема друг проблем, само треба подобро менаџирање, кое порано го имаше”, рече Бојмацалиев.

Изминатиов период имаше многу критики за процесот за издавање лични документи. 

Најголем дел од граѓаните му дале чиста единица на процесот на обнова на личните документи и патни исправи, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, 47,1 отсто од анкетираните рекле дека генерално процесот на промена на документите го оценуваат со најниска можна оценка 1. Оценка 5 овој процес добил само од 5,9 отсто од анкетираните, а средната оценка изнесува 2.07.

Слично

Поврзани вести