Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не доцнат обрасците, на време стигнаа!

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не доцнат обрасците, на време стигнаа!

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев вечерва во „10 Минути“ на ТВ21 изјави дека обрасците за пасоши не доцнат, туку на време се стигнати.

Toj не се согласува со ставот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за изјавата дека доцнат обрасците за патни исправи. Вели дека дошле 50.000, па 20.000 и синоќа 140.000 обрасци.  Додаде дека идната недела ќе стигнат 85.000 обрасци. Рече дека според информациите од службите, пратките се пристигнати навреме. 

„Доколку Европската Унија донесе одлука дека со промена на законот за патни исправи нема никакви негативни импликации на патот на Македонија кон ЕУ, истиот ќе биде изгласан“, рече тој. 

Законот се однесува на продолжување на важноста на пасошите со Република Македонија.

Слично

Поврзани вести