Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бојмацалиев ја презема третата функција во МВР: Не потпаѓајте под притисоци и уцени

Бојмацалиев ја презема третата функција во МВР: Не потпаѓајте под притисоци и уцени

Митко Бојмацалиев, поранешниот шеф на кабинетот на Оливер Спасовски, од денес е дополнителен заменик министер за внатрешни работи како дополнителна функција во техничката влада, а во обраќањето до колегите им порача, како што рече, да не потпаѓаат на притисоци и уцени во спроведувањето на паламентарните и претседателските избори.

„Денеска стартува техничката Влада на Република Северна Македонија, задолжена за спроведување на фер и демократски изборен процес, а во која ја извршувам должноста дополнителен заменик министер за внатрешни работи.

Во овој контекст, сакам да ги истакнам моите и напорите на мојот тим за заштита на личните податоци на граѓаните и за зајакнување на капацитетите на полицијата, со цел обезбедување на мирен тек на изборите. Со подготвеноста и професионалноста на вработените, нашата задача е да обезбедиме транспарентен, фер и слободен изборен процес, во кој секој граѓанин ќе може слободно да го изрази своето мислење и право на избор.

Во оваа прилика, дозволете да бидам категоричен - очекувам работење исклучиво по закон од страна на вработените во МВР. Вие не должите никому ништо и очекувам да не подлегнувате на било каков притисок или уцена“, рече Бојмацалиев.

Тој дополни дека МВР ќе спроведе „европски избори,како што беа претходните во 2020“. За технички министер во МВР е избран Панче Тошковски, номиниран од ВМРО-ДПМНЕ, а заменик останува Назим Буши.

Слично

Поврзани вести