Бојкотирана наставата во средни училишта како протест против загадувањето
Учениците од неколку скопски гимназии ова утро ја бојкотираа наставата револтирани од загадувањето во државата која години наназад се случува секоја зимска сезона а мерките кои се преземаат не вродуваат никаков плод.

Со денешниот протест средношколците се придружија на денешниот „Марш за нашите животи! СТОП за 3.500 жртви од загадениот воздух!“ организиран од „Зелениот фронт“.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од средните училишта „Никола Карев“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, на кои се гледа група ученици како се собрани прво во дворот, а потоа во холот на училиштата.

Дел од учениците за медиумите истакнале дека денешниот бојкот може да резултира со намалено поведение или неоправдани изостаноци но порачаа дека не се плашат од заплашувања и ако треба ќе го поворат бојкотот.

Денешниот марш е закажан за во 17 часот кој од Министерството за животна средина во 18 ќе се пресели пред Владата.
