Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бојкотирачи и на пробниот попис во Македонија, огромен број на станови биле празни

Бојкотирачи и на пробниот попис во Македонија, огромен број на станови биле празни

На пробниот попис кој минатиот месец се спроведуваше во 13 општини имало 30-мина кои го бојкотирале, односно одбиле да се попишат, се вели во првичните податоци од статистичката операција додека трае расправата во Собранието кога и како истиот да се одржи.

Од 10 до 30 јуни во 13 општини во земјава, односно во 32 пописни круга, се спроведе пробен попис на населението, домаќинствата и становите од страна на Државниот завод за статистика.

Според првичните податоци, при попишувањето 1.400 станови биле пронајдени празни.

Попишани биле попишани 3.839 згради, 4.572 станови, 3.184 домаќинства и 10.267 лица. 

Ова се првични податоци од пробниот попис, кој се спроведе без да биде усвоен предлог-законот за попис на населението, чија што содржина подолг период е причина за несогласување меѓу власта и опозицијата.

Двете страни во Собранието се уште не можат да најдат заеднички јазик за законското решение. 

Пробниот попис се спроведе во Прилеп, Долнени, Кисела Вода, Зелениково, Гостивар, во Кичево, Струга, Свети Николе, во Радовиш, Валандово, Куманово, Кратово и во Штип.

Пописот треба да се одржи во периодот од 1 до 21 април 2020 година.


Слично

Поврзани вести