Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОЈКОТ: Дел од медиумите нема да ги следат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“

БОЈКОТ: Дел од медиумите нема да ги следат протестите  на иницијативата „За заедничка Македонија“

Повеќе портали соопштија дека нема да ги следат протестите во знак на солидарност со нападнатите колеги од А1он, инцидент кој се случи вчера. 

Од медиумите велат дека поради последниот напад,  како и поради континуираните напади на новинарите, се решиле да не известуваат за протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Но, додаваат дека доколку има насилството и нови напади на протестите ќе ја известат јавноста, но нема да ги пренесуваат говорите и пораките на оние кои протестираат. Вчера беа нападнати новинар и снимател на А1он додека известуваа од протестот. 

Од медиумите наведуваат дека сакаат да им се гарантира  безбедност, но додаваат и дека организаторите на протестот не изразиле жалење за немилиот настан. 

Повредените се пуштени на домашно лекување, а полицијата работи на расчистување на случајот. Снимателот и новинарот имале потрес на мозокот и други повреди. 

Осуда имаше од ЗНМ и од повеќе политички партии. 

Слично

Поврзани вести