Бојко Борисов му честиташе на Заев - Заедно ќе работиме за подобри односи
Бугарскиот премиер во телефонски разговор му ја честитал на Зоран Заев новата функција како претседател на Владата на Република Македонија.
„Личните средби со Вас господине Заев ми даваат основа да верувам дека заедно можеме да работиме за подобрување на доброседските односи меѓу нашите две држави и да ја доближиме Република Македонија до преговорите за присоединување со Европската Унија, порачал Борисов во разговорот со новиот македонски премиер.
Борисов исто така потенцирал дека изборот на новото македонско раководство е долгоочекуван чекор во ставањето крај на политичката криза во Македонија.
Слично
