Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Бојан Маричиќ е еден од пријавените кандидати за претседател или член на Државната изборна комисија.

Покрај поранешните претседатели и членови на ДИК, Александар Даштевски и Борис Кондарко, меѓу пријавените се и поранешната заменичка на министерот за правда, Викторија Мадиќ-Аврамовска, како и Марија Митановска Димовска, вработена во Министерството за правда и сопруга на поранешниот началникот на интервентната полиција и боксерски репрезентативец, Примислав Димовски

Еве го списокот на кандидати за ДИК кој го објави ТВ „24“:

1.Бојан Маричиќ (дипломиран правник од Скопје) – пријава за претседател или член

2.Александар Даштевски (дипломиран правник од Скопје) – пријава за член

3.Ангелчо Ристов (магистар по право, од Делчево) – пријава за член

4.Викторија Аврамовска Мадиќ -(магистар по правни науки од Скопје) пријава за член и потпретседател

5.Фезу Џафери (дипломиран правник од Чајле кај Гостивар) – пријава за претсетател, потпретседател и член

6.Светлана Карапетрова (магистар по економија-финансии, сметководство и ревизија од Тетово) – пријава за член

7.Борис Кондарко (дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје) – пријава за член

8.Марија Митановска Димовска (дипломиран правник од Скопје) – пријава за член

9.Дитмире Шеху (дипломирана правничка од Гостивар) – пријава за член

10.Даниела Маркоска (дипломиран правник од Скопје) – пријава за претседател

11.Елита Шуки (дипломиран правник со положен правосуден и нотарски испит од Скопје)

12.Добре Јанчев (дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје) – пријава за претседател и член

13.Бети Ѓорѓиеска (дипломиран инженер по електротехника од Скопје)

14.Ивана Костадиноска (дипломиран правник од Скопје) пријава за член

15. Благоја Гешоски (доктор на дефектолошки науки од Прилеп)


Слично

Поврзани вести