Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бојан Маричиќ: Португалскиот предлог го разгледуваме врз основа на документи, а не според изјави

Бојан Маричиќ: Португалскиот предлог го разгледуваме врз основа на документи, а не според изјави

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска на одговор на новинарско прашање рече дека поважно е што пишува во документите, отколку она што го изјавила министерката за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријас, која два дена пред завршувањето на португалското претседателство со ЕУ,  на прес-конференција во Лисабон рече дека „македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот“.

- Ние португалскиот предлог го разгледувавме врз основа на тоа што ни беше доставено како документ, а не врз основа на вчерашните изјави. Она што го водивме во документот и она што го има во предлогот во преговарачката рамка во нити еден момент не го одразува ова што го кажавте вие. Во преговарачката рамка е наведен „македонскиот јазик“ без никакви додавки, во предлогот исто така нема доведување во прашање на посебноста на македонскиот јазик. Посебноста на македонскиот јазик и нашиот македонски идентитет ниту биле, ниту може да бидат предмет на какви било преговори, рече Маричиќ.

Вчера премиерот Зоран Заев рече дека државниот врв ќе ја анализира изјавата во видео-форма по што ќе биде одлучено како ќе се реагира понатаму.

Слично

Поврзани вести