Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бојан Маричиќ на местото на Дане Талевски во СДСМ

Бојан Маричиќ на местото на Дане Талевски во СДСМ

Централниот одбор на СДСМ синоќа меѓудругото го одбра Бојан Маричиќ за нов секретар за меѓународна соработка на владеачката партија.

Маричиќ инаку е национален координатор за европски интеграции во Владата, а на партиската функција доаѓа на местото на Дане Талевски.

Ова место се испразни откако Талески беше назначен за нов амбасадор на Македонија во НАТО, а претходно беше советник за надворешна политика на премиерот Зоран Заев.

- Талевски мораше да одбере дали ја сака државната или партиската функција и на крајот ја одбра првата, која е поважна - изјави синоќа Заев во партиското седиште.

Слично

Поврзани вести